• понеделник, 23 декември 2024

Во Австрија утре парламентарни избори, ФПО најавува победа

Во Австрија утре парламентарни избори, ФПО најавува победа

Виена, 28 септември 2024 (МИА) - Австријците утре ќе гласаат на парламентарните избори на кои за првпат би можела да победи крајнодесничарската опозициска Партија на слободата (ФПО).

Иако анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, лидерот на ФПО, Херберт Кикл, најави победа.

Партијата ФПО, фокусирана на антиимигрантската политика, има јасно водство во анкетите повеќе од една година, потпомогната од разочарувањето на гласачите од повисоката инфлација од ЕУ и нестабилната австриска економија.

На овие избори се очекува рекорден број Австријци да гласаат по пошта, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Според податоците на МВР, во осум часот наутро, кога ќе бидат отворени избирачките места, веќе ќе имаат завршено со гласање 1.436.240 граѓани, што претставува 22,6 отсто од гласачите. Ова е бројот на гласачки ливчиња издадени од органите за гласање по пошта.

Нивниот број е рекорден, на последните избори пред пет години беше нешто повеќе од еден милион, а во 2017 година околу 889.000. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан