Во Австралија, по пожарите и поплавите, се појавуваат смртоносни пајаци
- По пожарите и поплавите во Австралија, експертите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни од можната појава на смртоносни „левак“ пајаци, поради условите што се создадени за нивен раз
Канбера, 22 јануари 2020 (МИА) - По пожарите и поплавите во Австралија, експертите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни од можната појава на смртоносни „левак“ пајаци, поради условите што се создадени за нивен развој.
Тој вид пајаци е присутен во влажните шумски области во источна Австралија и е познат по отровот кој многу брзо дејствува, јави Си-Ен-Ен.
Австралискиот парк за рептили предупреди дека нивната активност во последните денови е зголемена.
- Поради неодамнешните дождови и топлото време, очекуваме отровните „левак“ пајаци да почнат да се движат наоколу. Тие се најопасниот вид пајаци во светот и тоа мора да го имаме предвид, рече портпаролот на паркот Даниел Рамсеј.
Според експертите, агресивноста и отровот на овој пајак во најголем број случаи предизвикуваат смрт. паг/