• петок, 05 декември 2025

Војници од Националната гарда на Тексас пристигнаа во Илиноис

Војници од Националната гарда на Тексас пристигнаа во Илиноис

Вашингтон, 8 октомври 2025 (МИА) – Војници од Националната гарда на Тексас пристигнаа во американската држава Илиноис, изјави денеска гувернерот Џ.Б. Прицкер, иако тие не биле видени на улиците.

Тој додаде дека државата не добила никаква информација од федералната влада, пренесе ДПА.

Американските медиуми јавија дека војниците биле забележани во воен објект во Елвуд, на околу 90 километри од центарот на Чикаго. Доцна синоќа, гувернерот на Тексас, Грег Абот, објави фотографија на X на која се гледаат припадници на Националната гарда како се качуваат во авион, со натпис: „Секогаш подготвени. Распоредување сега“.

Илиноис и градот Чикаго се обидуваат да го блокираат распоредувањето на суд, но досега не успеале. Се очекува судија да разгледа привремена забрана за задржување најрано во четврток, јавија американските медиуми. јт/

Фото: Грег Абот на Х

Остани поврзан