• петок, 20 септември 2024

Војнаровски: Воините нема да направат големи промени во составот

Војнаровски: Воините нема да направат големи промени во составот
Сан Франциско, 20 ноември 2022 (МИА) - Инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, верува дека Голден Стејт не планира да направи некои големи промени во скоро време. -Вориорс се уште се надеваат дека нивните млади играчи ќе направат скок оваа сезона и Џордан Пул ќе се врати во форма. Мислат дека се уште имаат време. Дефинитивно нема да направат големи промени во тимот по само 15 натпревари во сезоната, рече Војнаровски. Бранителот на титулата има скор седум победи и девет порази за моментално 11. место во Западната конференција. Пул има просек од 15,9 поени, 4,5 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар. Пред почетокот на сезоната, тој потпиша четиригодишно продолжување на договорот тежок 128 милиони долари. зс/

Остани поврзан