• понеделник, 23 декември 2024

Волстрит џурнал: Маск планира да му дава на Трамп 45 милиони долари месечно

Волстрит џурнал: Маск планира да му дава на Трамп 45 милиони долари месечно

Вашингтон, 16 јули 2024 (МИА) - Мултимилијардерот Илон Маск најави дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани извори.

Донациите на Маск ќе бидат наменети за политичка група наречена America PAC, што ќе се фокусира на промовирање на регистрација на гласачите, предвремено гласање и гласање по пошта меѓу жителите во сојузните држави пред изборите во ноември, објави весникот цитирајќи луѓе запознаени со прашањето.

Маск е еден од неколкуте главни поддржувачи на новиот фонд меѓу кои се и коосновачот на Palantir, Џо Лонсдејл, поранешната амбасадорка на САД во Канада, Кели Крафт и инвеститорите во криптовалути Тајлер и Камерон Винклвос. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан