• недела, 22 декември 2024

„Волстрит џурнал“: Кинескиот шпионски балон користел американска технологија

„Волстрит џурнал“: Кинескиот шпионски балон користел американска технологија

Вашингтон, 29 јуни 2023 (МИА) – „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на прелиминарните резултати од истрагата објави дека кинескиот шпионски балон што прелета над САД на почетокот на годината користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации.

- Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други информации што ги пренесувал во Кина, наведува „Волстрит џурнал“.

Весникот истакнува дека се потврдува заклучокот дека леталото било шпионско, а не за метеоролошки цели, како што тврди Кина.

- Сепак, се чини дека балонот не испратил податоци до Кина за време на осумдневниот прелет на Алјаска, Канада и некои други земји, истакнува „Волстрит џурнал“.

Во февруари, САД соборија балон кој леташе над чувствителни воени објекти, што предизвика дипломатска криза. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан