• понеделник, 23 декември 2024

Волстрит журнал: САД испраќаат тајно набавени советски ракетни системи во Украина

Волстрит журнал: САД испраќаат тајно набавени советски ракетни системи во Украина
Вашингтон, 22 март 2022 (МИА) - САД испраќаат советски ПВ ракетни системи на украинската армија, кои тајно ги набавија пред неколку децении, но им се доволно познати на Украинците за веднаш да ги користат, објави Волстрит журнал. Повикувајќи се на официјални лица, публикацијата ексклузивно известува дека станува збор за ракетни системи 9K33 Wasp (НАТО име СА-8) со дострел до 15 километри. Извор на Волстрит журнал рече дека во пратката немало С-300, иако барем САД имаат такво оружје од најмалку 1994 година. Системите биле купени или тајно предадени на Пентагон во операции насочени кон проучување на технологиите што ги користеа СССР и Русија и беа извезени низ целиот свет. Некои од нив биле во арсеналот Редстоун во државата Алабама, од каде биле натоварени во транспортен авион Ц-17. Целта е украинската армија барем делумно да создаде зони за забрането летање на руски авиони и ракети. паг/

Остани поврзан