• вторник, 13 јануари 2026

Волонтери од Клубот на млади при струмичкиот Црвен крст поделија пакетчиња на децата на лекување во болницата

Волонтери од Клубот на млади при струмичкиот Црвен крст поделија пакетчиња на децата на лекување во болницата

Струмица, 30 декември 2025 (МИА) - Денеска, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица, со многу љубов и топлина поделија пакетчиња на децата кои се лекуваат во ЈЗУ „Општа болница Струмица“, носејќи празнична радост и насмевки таму каде што се најпотребни, соопштија од оваа организација.

Како што се наведува, пакетчињата биле безбедени преку собрани средства од рециклирање на шишиња во рамки на програмата „Зелен волонтеризам“, како и со поддршка од Бојана Дулгерова и уште двајца анонимни донатори, кои со својата хуманост значајно придонеле за реализација на оваа акција.

-Голема благодарност до сите кои беа дел од оваа иницијатива и покажаа дека со мали чекори и големо срце можеме да направиме голема разлика, стои во соопштението на стримичкиот Црвен крст и притоа се додава дека секоја детска насмевка е доказ дека љубовта и вниманието се најубавиот подарок. рт/дма/

Фото: Црвен крст Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан