• петок, 22 ноември 2024

Вокер: Ливерпул и Арсенал се многу добри, но Сити сака да го направи она што никој досега не го направил, да освои четири титули по ред

Вокер: Ливерпул и Арсенал се многу добри, но Сити сака да го направи она што никој досега не го направил, да освои четири титули по ред

Манчестер, 20 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер верува дека неговиот тим ќе ја добие трката за титулата во Премиер лигата.

- Се соочуваме со две многу силни екипи, Ливерпул и Арсенал. Ливерпул доби на интензитет. Очигледно, веста за заминувањето на тренерот им даде ентузијазам да играат на високо ниво. Но, ние сакаме да направиме нешто што никој досега не го направил - да освоиме четири титули по ред, така што имаме мотивација. Најдобриот тим ќе победи на крајот од сезоната по тешки 38 натпревари, но сигурен сум дека ќе се бориме на сите фронтови како и секогаш, изјави англискиот дефанзивец.

Во поредокот во Премиер лигата, Ливерпул води со 57 бода, Арсенал има 55, Манчестер сити е трет со 53 бодови и натпревар помалку.

Вечер од 20:30 часот Манчестер сити го пречекува Брентфорд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан