• петок, 05 декември 2025

Возило изгоре на паркинг во Велес

Возило изгоре на паркинг во Велес

Велес, 6 август 2025 (МИА) - Во СВР Велес, синоќа околу 19:35 часот било пријавено дека на паркинг простор на улица „Лазо Осмаков“ во Велес настанал пожар во патничко возило „цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Велес.

-Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. ад/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан