• понеделник, 23 декември 2024

Возилото за урбана хигиена на БРАКО доби сертификат од германскиот институт TUV

Возилото за урбана хигиена на БРАКО доби сертификат од германскиот институт TUV

Скопје, 1 април 2023 (МИА) – Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, доби сертификат за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV од Минхен.

Како што информираше денеска сопственикот на БРАКО, Кочо Анѓушев, возилото 636 е единствен производ од земјава сертифициран директно од TUV Германија, чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. 

 - БРАКО и својата ќерка фирма веќе три години развиваат возило во Република Северна Македонија. Тим од 20 млади македонски инженери од кои дел студираа во странство и се вратија во Македонија на овој проект, а дел најдобри студенти на македонските технички универзитети и факултети, развија четири модели на возила на кои последна фаза од нивниот комерцијален живот е сертификацијата во TUV Германија, за да можат да бидат продавани на светскиот пазар, појасни Анѓушев.

Моделот 636, кој е целосно развиен од страна на македонските инженери и произведен во фабриката во Велес, ќе биде носител на ознаката „CE“ на производот, кој значи дека производот ги исполнува сите основни безбедносни и здравствени барања во однос на упатствата на ЕУ и хармонизираните стандарди.

TUV е меѓународно сертифицирано тело кое ги сертифицира најголемите светски брендови на возила.

Анѓушев информираше дека БРАКО своите возила ги извезува во 53 држави и најави дека се очекува останатите три модели да добијат сертификат од истиот Институт и потоа да го најдат својот пат на светските пазари. ар/мч/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан