• петок, 05 декември 2025

Возач од „Здравствен дом“ – Берово приведен поради дрога

Возач од „Здравствен дом“ – Берово приведен поради дрога

Скопје, 15 август 2025 (МИА) -  Полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово, синоќа околу 22 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница, лишиле од слобода 29-годишен возач од Берово, Б.Р., бидејќи кај него е пронајдена дрога.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил сопрен додека управувал возило „Дација Сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово.

При преглед кај него била пронајдена марихуана и ризла. По добиени оперативни сознанија и по наредба од јавен обвинител од ОЈО Кочани, против Б.Р. е поведена соодветна постапка.

По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/вј/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан