• среда, 17 јули 2024

Возач излетал од коловоз во Брвеница, удрил во паркирано возило

Возач излетал од коловоз во Брвеница, удрил во паркирано возило

Тетово, 24 февруари 2023 (МИА) - Дваесетгодишен возач е полесно повреден откако вчера  излетал со автомобилот и удрил во друго паркирано возило на на регионалниот пат Тетово-Волковија во Брвеница. Незгодата се случила околу 20 часот.

о СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Волковија-Тетово, во Брвеница, патничко моторно возило „форд фиеста со тетовски регистарски ознаки управувано од Д.Ж.(20) од тетовско Јегуновце излетало од коловоз и удрило во паркирано возило пежо“ со скопски ознаки. Во несреќата возачот Д.Ж. се здобил со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на незгодата увид извршила екипа на СВР Тетово. ас/дма/

Остани поврзан