• вторник, 26 ноември 2024

Воената хунта во Мјанмар помилува 10.000 затвореници

Воената хунта во Мјанмар помилува 10.000 затвореници

Бангкок, 4 јануари 2024 година (МИА) - Воената хунта во Мјанмар денеска помилува речиси 10.000 затвореници во рамки на одбележувањето на годишнината од независноста од Британија. Станува збор за дел од политичките затвореници кои се казнети поради спротивставување на воената управа.

Во извештајот на државната телевизија на Мјанмар (МРТВ) се наведува дека шефот на воениот совет на Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлианг, помилувал 9.562 затвореници во рамки на одбележувањето на Денот на независноста на земјата и дека ослободувањето започнало денеска и ќе продолжи неколку дена.

Хунтата амнестирала и 114 затворени странски државјани кои веднаш ќе бидат депортирани, наведува МРТВ во посебен извештај. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан