• понеделник, 23 декември 2024

Водостоите на реките пониски од вчерашните

Водостоите на реките пониски од вчерашните

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) – Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за мај, но речиси кај сите има намалување на нивото во споредба со вчерашното.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчерашниот од 34 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес. Зголемување на нивото во споредба со вчера од еден сантиметар единствено има реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани, а исто ниво со вчерашното има само Брегалница кај Берово.

Водостоите, пак, на трите природни езера во земјава се исти како вчера. При тоа, единствено нивото на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 17 сантиметри кај Охридското, односно за 1,93 метри кај Преспанското Езеро.вј/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан