• среда, 11 септември 2024

Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна, покажуваат резултатите од спроведената анализа

Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна, покажуваат резултатите од спроведената анализа

Скопје, 24 април 2023 (МИА) -  Согласно резултатите од добиените анализи спроведени во Секторот за санитарна контрола, за кавалитетот и безбедноста на водата за пиење во Град Скопје, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.04.2023 до 20.04.2023 зема 120 примероци за физичко-хемиска и 120 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје. цр/сп/

Фото:МИА

Остани поврзан