• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 24 до 28 февруари 2025 зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,  информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Овие информации Јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/сст/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ Скопје

Остани поврзан