• сабота, 28 декември 2024

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува неделниот извештај на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.08.2022 до 02.09.2022 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Нелниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. дма/са/

Остани поврзан