ВОА: Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, туку Латиноамериканците
Вашингтон, 25 октомври 2023 (МИА) - Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, а Латиноамериканците во моментов се најголемото население во американската сојузна држава, покажуваат резултатите од новиот попис од јуни оваа година, јави Гласот на Америка (Voice of America)
Според пописот, во Тексас живеат 40,2 отсто Латиноамериканци, додека има околу 39,8 отсто белци кои не потекнуваат од Латинска Америка.
Резултатите од пописот ги потврдуваат податоците од средината на 2022 година, кога Латиноамериканците го презедоа водството во Тексас, каде што белците беа мнозинско население од 1850 година.
Демографот Лојд Потер рече дека овие резултати се очекувани бидејќи латино- население е помладо во споредба со другите етнички групи и колку е помладо населението, толку е поголема веројатноста да имаат повеќе деца. Покрај тоа, Латиноамериканците се најголемата имигрантска група во Тексас, рече Потер. ссм/
фото: архива