• понеделник, 23 декември 2024

Внуката на Џон Пол Гети, се венчаше во венчаница од стакло

Внуката на Џон Пол Гети, се венчаше во венчаница од стакло
Лос Анџелес, 11 ноември 2021 (МИА) - Наследничката на познатиот американски нафтен тајкун Џон Пол Гети, го кажа судбоносното „да“ во прилично необична венчаница - украсена со стакло. Имено, Ајви Гети се омажи за фотографот Тобајас Ејнџел на раскошните скали на Градското собрание на Сан Франциско, Калифорнија, САД. Пред свадбената свеченост, имаше и забава во Палатата на ликовните уметности во Сан Франциско. Четирите слоеви ткаенина со парчиња стакло се дизајнирани од креативниот директор на „Мејзон Маржиеле“ (Maison Margiele), Џон Галијано. - Бидејќи таа мора да се движи, моравме да комбинираме парчиња за вистинско огледало со слично стакло. Така го направивме фустанот многу полесен, вели Галијано. Ајви, како украс, носеше вел со мотиви на орев и гитара, со што им оддаде почит на две нејзе драги личности - баба ѝ Ана, која пораснала на фарма со ореви и нејзиниот покоен татко - музичарот Џон Гилберт. - Креациите на Џулијано ги носеше баба ми додека тој работеше за „Живанши“ и „Диор“. Го обожаваше, му се восхитуваше... На денот на венчавката се чувствував како таа постојано да е со мене, рекла Ајви. Тајкунот Џон Пол Гети, инаку бил познат по својата наводна „скржавост“. По неговата смрт, семејството не видело речиси ништо од неговото богатство, туку сѐ оставил на фондации посветени на неговото омилено хоби - уметноста. си/ссм/

Остани поврзан