• петок, 22 ноември 2024

Внатрепартиски избори на Републиканската партија: Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон

Внатрепартиски избори на Републиканската партија: Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон

Олимпија, 4 март 2024 (МИА) - Кандидатката за претседателка номинирана од Републиканската партија Ники Хејли победи на партиските прелиминарни избори во сојузната држава Вашингтон, забележувајќи ја првата победа во претседателската кампања оваа година.

Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори, додека Хејли победи во Вашингтон.

Хејли ги освои гласовите на сите 19 делегати во Вашингтон.

Таа рече дека ќе остане во трката за републиканска номинација барем до прелиминарните избори во вторник во 16 американски држави.

Портпаролката на Хејли, Оливија Перез-Кубас, истакна дека Хејли станала првата жена што победила на републикански прелиминарни избори.

Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, додека Хејли има поддршка од 43 делегати. На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан