• недела, 17 ноември 2024

ВМРО – ДПМНЕ: Поскапуваат основните прехранбени продукти затоа што Владата не ги продолжи мерките

ВМРО – ДПМНЕ: Поскапуваат основните прехранбени продукти затоа што Владата не ги продолжи мерките
Скопје, 1 јуни 2022 Од денес граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Од денес цените на производите на основните прехранбени продукти се поскапи затоа што Владата не го продолжи рокот на траење на одлуката за 0% ДДВ за основните прехранбени производи во време на огромно поскапување на цените и двоцифрена инфлација. Патем кај нас стапката на инфлација е една од највисоките во Европа. Од денес дополнително поскапува лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца за најмалку 5%. Владата на СДСМ и ДУИ се занимаваше со измени на законот на игри на среќа, а не се сети да го заштити стандардот на граѓаните кој е во слободен пад. За кратко време сите основни потреби на граѓаните поскапеа од 50 до 100% и сега новото покачување уште повеќе ќе ги истенчи семејните буџети. Маслото за јадење е поскапено за 100%, исто колку и лебот, шеќерот и брашното. Народот гладува, а власта нема идеа и план што да направи. Платите се целосно обезвреднети. Тоа што можеше да се купи во месецот со една плата, сега не може ни со две плати да се покрие. Апелираме до власта да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ослободување од ДДВ до 31 декември 2022 година на  производите за човечка исхрана. Вака барем малку ќе им се помогне на семејствата во кризата која ескалираше поради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан