• четврток, 19 декември 2024

ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за уставни измени

ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за уставни измени

Скопје, 19 јули 2023

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.

Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон Европското семејство.

Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија.

ВМРО-Народна партија упатува апел до сите општествено - политички чинители да во најбрз можен рок се заврши оваа етапа и што побрзо Северна Македонија го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.

 

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан