• вторник, 10 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели

21 јануари 2026

Нема пора во општеството во која СДС, под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче, со мафијашки методи не владеел, се наведува во соопштението, што МИА го пренесува интегрално.

Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните.

Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид-пандемијата, Филипче и Заев, наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница „Жан Митрев“.

Ова го потврди самиот д-р Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.

Тандемот Филипче - Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат му нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.

Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.

Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.

И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато, кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.

Оттука, се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?

Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа што треба да зборува.

Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето на државата и на институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно за остварување на клановските цели.

Не треба да има недопирливи, законот треба да важи еднакво за сите.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан