• сабота, 06 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Oпасна незаинтересираност на в.д. градоначалникот на Кочани, ја загрозува јавната безбедност 

ВМРО-ДПМНЕ: Oпасна незаинтересираност на в.д. градоначалникот на Кочани, ја загрозува јавната безбедност 

Скопје, 7 јули 2025

Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици. Обезбедени се 43 специјални интервентни возила за брза реакција на терен. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани – затоа што Венко Крстевски не се ни пријавил на повикот на Владата!

Ова е срамно и неодговорно однесување. Наместо да обезбеди повеќе опрема, човечки ресурси и сигурност за граѓаните, в.д. - то Венко свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица. Граѓаните со право прашуваат: кому му служи – на народот на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси?

Да потсетиме: истиот овој в.д. градоначалник беше против и отворањето на државниот Центар за рехабилитација на Пониква, сега повторно кочничар – но овојпат на сметка на јавната безбедност и заштитата од пожари!

Ова не е само административен пропуст. Ова е чин на директна штета за граѓаните на Кочани. Наместо нови вработувања, нова опрема и модерна служба – поради неспособноста на Венко , Кочани повторно останува со врзани раце пред секоја летна закана од пожари.

Време е за одговорност. Време е за промени. Кочани заслужува раководство кое ќе се грижи, а не ќе попречува.
 

Линк од фб објава: 

https://www.facebook.com/share/p/16akYUVX7W/?mibextid=wwXIfr

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан