• четврток, 19 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на ДС да излезе од Владата, ги охрабруваме другите партии да го следат примерот

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на ДС да излезе од Владата, ги охрабруваме другите партии да го следат примерот
Скопје, 13 февруари 2023 
 
Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз.
 
Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата.
 
Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само "Пазар 3" коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.
 
Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори.
 
Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан