• вторник, 10 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот

9 март 2026

Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност.

Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања.  На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти.

Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори.

Опозицијата пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, но не е неочекувано затоа што од нивната пракса досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза.

Пример лидерот на СДС, Венко Филипче, покажа и докажа дека не му е баш гајле за граѓаните, кога се обидуваше да профитира со вакцините против ковид и се обиде да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по три пати поскапа цена, кога ги примора граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правеше шоу на граница за 5.000 вакцини.

СДС беа последни во регионот што обезбедија заштита на народот.

Јасна е разликата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан