• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација 

ВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација 

Скопје, 9 декември 2023

СДС и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија.

Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација.

Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат.

Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ.

СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер.

Криминалците од ДУИ целосно го преземаа управувањето со државата, затоа и во  Македонија цвета криминалот и корупцијата.

Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ, заклучување на вратите на пленарната сала за да не можат другите пратеници да се пријават за дискусија за дневниот ред, како и недоличното однесување и навредување кон собраниските службеници.

На Македонија и се случува ДУИзација, а Ковачевски е директно одговорен за тоа. Има ли некој од СДС што му останало барем грам достоинство за веднаш да му се спротивстави на Ковачевски?

Затоа на следните избори СДС и Ковачевски мора да бидат поразени.

За Македонија да оди напред, СДС и Ковачевски мора да заминат!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан