ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државата
- СООПШТЕНИЕ - СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државатаСДС не може да се дистанцира од своето минато.

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИНТЕРВЈУТО НА КРИСТИНА КОСТОВА
14.04.2025
СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државатаСДС не може да се дистанцира од своето минато.
Колку и да не сака Кристина Костова да зборува за тоа што било порано, тоа е неизбежно.
Особено ако се има во предвид фактот што сегашниот претседател СДС, Венко Филипче е активен учесник во минатото за време на практикувањето на власта.
Тој како министер за здравство во владата на Зоран Заев и негов партиски потпретседател е активен чинител во општеството и директно одговорен за состојбите во државата.
Исто така, Костова треба да ја интересира тоа што било во минатото затоа што целото потесно и пошироко раководство на СДС е дел од третиот и четвртиот ешалон за време на владеењето на Зоран Заев, кој и Филипче, како негова марионета, го поставил на претседателското партиско столче.
Во однос на истрагата за трагичниот случај во Кочани, истрагата сè уште е во тек, и прв пат како никогаш до сега, опфатени се голем број на лица како партиски определени, така и луѓе што не се дел од политиката.
Во притвор се луѓе од СДС, ДУИ, но и од ВМРО-ДПМНЕ, така лица од општествениот живот.
Кога Костова има забелешки во однос на истрагата, исто така, треба да има во предвид дека републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски е избран токму во време на владеење на СДС.
И поради се ова, Костова не може да не ја интересира тоа што било порано во времето на владеење на нејзината партија. Затоа што хаосот во државата е резултат токму на нивното седумгодишно владеење.
СДС не може да оди напред ако не се соочи со болната вистина од нивното владеење.
СДС треба да знае дека сега е време во кое треба да се стави крај на хаосот којшто го оставија во сите пори на општеството.
Центар за комуникации СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.