• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик поради објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата.

Пријавата до ДКСК ја поднесе Ружица Николовска, член на Правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, која во изјава за медиумите истакна дека нејзината партија ќе ги следи, како што рече, овие прекршувања и за нив ќе ги извести меѓународните организации кои ги следат изборите – ОБСЕ/ОДИХР.

-Имено, согласно членот 8а од изборниот законик, како и согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори, не може да се спроведуваат постапки за нови вработувања, ниту да се даваат откази на вработени во јавните и државните институции, а доколку има отпочнато такви постапки се ставаат во мирување. Сите сме сведоци изминатиов период  дека од страна на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата, при што непосредно сега пред некој во месец март е донесена временска динамика од страна на Академијата за спроведување приемниот испит. Зошто е ова важно? Заради тоа што приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира дека стекнувањето на статус слушател значи вработување, односно засновање на работен однос со Академијата со сите права и овластувања како што следуваат од еден работен однос, рече Николовска.

Николовска смета дека тоа ќе влијае на изборниот процес и како што потенцира, „наместо Академијата да произведува кадри кои утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент“.

Таа смета дека оваа пријава е прв сериозен тест за интегритетот на новиот состав на ДКСК. 

Николовска бара да се разгледа пријавата, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции ДКСК да ги преземе сите потребни законски мерки за спречување на ваквите прекршувања.фф/лв/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан