• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Заев треба да одговорат која е алтернативата по ветото

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Заев треба да одговорат која е алтернативата по ветото
Скопје, 8 декември 2020 Стево Пендаровски покажа дека работи како продолжена рака на Зоран Заев и денес настапи каков негов слуга наместо како слуга на народот. Неговото бледо издание практично значи споделување на одговорноста за фијаското кое и се случува на државата на економски, политички и здравствен план. Бидејќи Пендаровски не е задоволен од функционирањето на кризниот менаџмент со корона кризата, прашањето е што тој направи за да го смени тоа, освен што ја гали суетата на најнеуспешниот премиер во историјата на земјата Заев и служи како испомош секогаш кога Заев ќе западне во криза. Впрочем дека Стево Пендаровски не е искусен за позицијата која ја има се зборови на самиот Заев. Што се однесува до членството до Европската економска зона, продолжува незрелото однесување на шефот на државата. Наместо да прераскажува состаноци, лични впечатоци и лични мислења без да има расправа во државните институции така само потврдувајќи дека султански пресекол и дека нема базично познавање на поимите Европска економска зона и Европска економска заедница, треба да понесе одговорност за тоа што еднострано, вонинституционално одлучил и отфрлил земјава да биде членка на значајна организација како што е Европската економска зона. Негова вина и резултат на општа неспособност на овој државен врв е што не се избори за членство во Европската економска зона и членство во Европската Унија, а не да се наметнува состојба на избор "или едното, или другото". И сега кога ефектот на владеењето на Заев е рецесија и вето, и Пендаровски и Заев треба да одговорат која е алтернативата која не ја нудат? Се разбира ова прашање нема да се чуе на договорените изјави и интервјуа, но ова е прашање кое си го поставува и го засега секој еден граѓанин на државата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан