• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Основните продукти поскапи и за 50 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: Основните продукти поскапи и за 50 отсто
11 септември 2022 
Владата на антимакедонската СДС го осиромаши народот, потрошувачката кошница не ја покриваат две минимални плати, основните продукти поскапи и за 50%.Потрошувачката кошничка е 47 илјади денари. Минималмата плата е 18 илјади денари, две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот.Имено цената на маслото е зголемена за 46.7%, на лебот за 44.1%, на млекото за 26.9%, на јајцата за 26.9%, на сирењето и месото по 26.9% и 22.3%.Потрошувачката кошница неможе да ја покрие ниту една просечна и една минимална плата. Сето тоа е заради инфлацијата, која владата не ја превенира со ништо.Заради криминалот на владата, која не работи за народот туку за себе и 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден. Сите тие се на раб на сиромаштија.Ситуацијата за поголемиот дел од народот дополнително ќе се влоши од есен, со почетокот на грејната сезона и скапите сметки за струја и парно, кои се високи затоа што власта не произведува доволно струја и плаќа скап увоз, и затоа што не набави на време гас.Народот пати затоа што владата на антимакедонската СДС не работи, туку прави криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан