• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ на 10 мај ќе почне со активна блокада на Собранието, се додека на лидерска не се договори датум за предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ на 10 мај ќе почне со активна блокада на Собранието, се додека на лидерска не се договори датум за предвремени избори
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) – Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе заклучок да се пристапи кон активна блокада на работата на Собранието, ќе стапи на сила на 10 мај и подразбира блокада на сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата на СДСМ и на ДУИ, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Оваа активна блокада, најави тој, ќе трае во континуитет се до промената на власта односно се до додговорот за датум за предвремени парламентарни избори. Според Николоски, ова е еден од првите чекори, а во наредните денови ќе продолжат разговорите во рамки на телата на партијата за преземање идни чекори, при што сите опции се на располагање доколку продолжи, како што рече, неразумноста на СДСМ и на ДУИ. Дотогаш, нагласи тој, ВМРО-ДПМНЕ бара коалицијата СДСМ и ДУИ да го преиспита своето однесување и да ја прифати, рече, подадената рака за дијалог и организација на лидерска средба на која ќе се договориме за датум за предвремени избори и ќе ги отвориме најбитните сектори за кои ВМРО – ДПМНЕ понуди тимови, а тоа се финансии, здравство, образование и меѓународните односи, европските интерграции и за Бугарија. -  Топката сега е кај СДСМ и кај ДУИ. Да донесат правилна одлука, да седнеме на лидерска средба, да го дефинираме датумот за предвремени избори и да наоѓаме решенија за најклучните проблеми во Македонија, порача Николоски. Тој ги повика СДСМ и ДУИ да го преиспитаат своето однсеување и, како што исткана, ВМРО -ДПМНЕ ќе оди по овој пат се до конечно менување на „грдата“ реалност затоа што тоа им го должат на граѓаните. Апелираше до  јавноста да биде трпелива затоа што, појасни, ова е процес што ќе трае и бара сеопшта мобилизација. На новинарско прашање зошто одбрале ваков тајминг, Николоски меѓу другото потенцира дека власта добила доволно време и шанса, а за 100 дена оваа влада не покажала ништо. цр/свс/

Остани поврзан