• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик

ВМРО-ДПМНЕ: МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик
Скопје, 5 март 2022 Владата на Ковачевски која има полна уста прозападна реторика дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер и тоа не било каде, туку во Министерството за внатрешни работи. Ковачевски, Османи и Спасовски треба да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа? Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан