• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДСМ и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДСМ и ДУИ

Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот што довербата на јавноста во правосудството е помала од 2 проценти а во Собранието му е изгласана интерпелација,се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

На Коцевски фотелјата му е поважна од угледот.

Коцевски нема ниту срам, ниту одговорност, ниту барем обид за достоинствено повлекување. Поважна му е политичката елита на СДС и ДУИ, и тие да се задоволни и да остане што подолго на функцијата за да ги штити.

На Коцевски функцијата му е поважна од принципите, а партиската лојалност поважна од правдата.

СДС со негласањето на интерпелацијата јасно ја покажа сопствената агенда и зошто обвинителот е избран токму во Струмица и Мала Речица. Коцевски и покрај се останува на функцијата за да ги штити партиските функционери на СДС и ДУИ од одговорност пред правдата и покрај сите изнесени сомнежи за криминал и корупција во изминатиот период.

Со што се задолжи Коцевски кај Заев и Филипче и од што му е страв што се уште не поднесува оставка?

Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво во служба на партиските интереси на СДС и ДУИ. Време е за одговорност и владеење на правото и правдата во државата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан