• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминалци треба да избегаат за Mаричиќ да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминалци треба да избегаат за Mаричиќ да си поднесе оставка
Скопје, 13 септември 2021 Колку криминалци треба да избегаат за да министерот за правда Бојан Маричиќ си поднесе оставка. Само во Македоника затвореник предизвикува сообраќајна со смртни последици и од затвор оди во притвор. Само во Македонија со Бојан Маричиќ министер криминалците се на слобода наместо во затвор. Ден Дончев видовме како зема туце со пари и си замина во Австралија наместо во Шутка. Драги Рашковски наместо во затвор си е дома, иако отворено праќаше пораки осомничените да не кажуваат се пред обвинителите. Само во Македонија криминалците си поигруваат со правдата и законите. Бојан Маричиќ со неговиот шеф Зоран Заев се најголемите убијци на правдата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан