• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ да ја прифатат подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ да ја прифатат подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 7 мај 2022 Нервозата кај Ковачевски и СДСМ е очигледна. Тие се очајни и фрустрирани затоа што гледаат дека над 75% од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока, што е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата. Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните. СДСМ  треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан