• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

Скопје, 21 ноември 2025

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. 

Таа не само што беше поддржувач на неправдата, туку нејзин активен чинител. 

А судската тога и наметка не ја прави добар судија, туку одлуките со кредибилитет кој Кацарска ги нема.

ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан