• понеделник, 08 јули 2024

Ковачки: Пратениците да дадат поддршка на законските измени со кои оризот ќе се стави на листата производи од стоковите резерви

Ковачки: Пратениците да дадат поддршка на законските измени со кои оризот ќе се стави на листата производи од стоковите резерви

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 26 март 2024

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието донесе заклучок да се преземат сите неопходни мерки, да се поминат сите собраниски филтри со кои се предвидува оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви.

Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот.

Апелираме да се тргнат настрана партиските игри, претседателот на Собранието да свика седница веднаш, а пратениците од мнозинството да дадат поддршка на законските измени и да ги помогнеме оризопроизводителите токму на почетокот на активностите за сеидба на оризот.

Драган Ковачки, пратеник

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан