• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Да се има избори во Штип значи нови заразени од корона

ВМРО-ДПМНЕ: Да се има избори во Штип значи нови заразени од корона
Скопје, 5 ноември 2020 -  СДСМ и Љупчо Николовски ги множат штипјани со нула и воопшто не ги интересира здравјето на граѓаните. Тие се опасност за здравјето на граѓаните во Штип. Да се има избори во Штип значи нови заразени и мртви во Штип од корона. Не постои нешто како сигурни избори и заштитено здравје. Или ќе има избори и многу заразени и мртви или ќе има одложени избори и заштитено здравје. Тоа што СДСМ е осамена во намерата за избори во Штип значи дека тие сакаат на мала врата по цена на здравјето на штипјани да ја сочуваат фотелјата на Бочварски и Заев. Наместо Николовски да глуми експерт по здравје нека земе да работи за борба против корупцијата која ја има во изобилие. Нема штипјанец кој го одобрува ова мафијашење на СДСМ и играње со здравјето на сите. Реакција на интервјуто на Љупчо Николовски за ТВ Стар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан