• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Да почне примената на Законот за здруженија и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник

ВМРО-ДПМНЕ: Да почне примената на Законот за здруженија и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник
Скопје, 10 ноември 2022 Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник. Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во собранието, тој треба веднаш да почне со примена. Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан