• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Година дена Јавниот обвинител Коцевски е штитот на криминалот и корупцијата на СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Година дена Јавниот обвинител Коцевски е штитот на криминалот и корупцијата на СДС

Скопје, 10 август 2025 

Година дена од неговото назначување, Јавниот обвинител Љупчо Коцевски е штит на криминалот и корупцијата на СДС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Година дена Љупчо Коцевски, молчеше и ги бранеше членовите на СДС и блиски лица до Заев и Филипче, кои беа поврзувани со одреден криминал. И тоа продолжува и ден денес со тоа што СДС не гласаше за интерпелација на Коцевски, а тој без срам не поднесува оставка од морални причини.

Луѓето кои беа синоним за криминал и корупција се шетаат по улиците слободно, благодарение на Коцевски кој ниту еднаш не застана во одбрана на правдата, туку во одбрана на СДС и лицата блиски до Заев и Филипче.

Иако СДС со месеци го повикуваше Коцевски дека не работел по прописите, сега кога тој треба да си оди од таа функција, на СДС тоа не им одговара затоа што знаат дека нема веќе кој да ги штити.

Затоа, потребна е итна оставка од ЈО Коцевски, и правдата да излезе на виделина. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за правдата и граѓаните да бидат задоволени!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан