• среда, 17 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот
Скопје, 11 јули 2022 Народот масовно вели НЕ за бугаризација, владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот. Секој ден се повеќе народ излегува на улиците во Скопје во знак на протест против намерата на власта да го прифати предлогот за бугаризација на државата, со кој се негира јазикот, идентитетот и историјата. Академската заедница, новинарите, колумнистите, целото општество ја гледа штетноста на предлогот кој Ковачевски сака да го прифати, а со кој не добиваме преговори, туку само сликање, и и се дава можност на Бугарија за многу блокади во иднина, се до целосна асимилација на народот. Ваквиот предлог мора да биде отфрлен. Затоа што народот тоа го бара. И вечерва да излеземе во 19 часот и да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан