ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за Предлог законот за енергетика
- Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно одржување на седница на која ќе се разгледа Предлог законот за енергетика што вчера по итна постапка беше поднесен до Собранието, изјави денеска пра
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно одржување на седница на која ќе се разгледа Предлог законот за енергетика што вчера по итна постапка беше поднесен до Собранието, изјави денеска пратеникот Бојан Стојаноски.
- Сметаме дека е во ред образовните и здравствените установи да добиваат поевтина електрична енергија, но намерното изоставување на водоводните и комуналните претпријатија од стана на Владата во нивните предлог мерки е крајно некоректно и недозволиво. Владата со ова покажува дека не ги третира сите граѓани подеднакво но исто така остава простор водоводните и комунални претпријатија во наредниот период да ги зглолеми цените на своите услуги кои што дополнително ќе го влошат животниот стандард, рече Стојаноски.
Предлог законот за енергетика што го поднесоа по итна постапка, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, освен образовните и здравствени установи ги опфаќа и водоводните и комунални претпијатија.
- Сметаме дека ова решение е правично и неселективно. Апелираме до пратениците на парламентарното мнозинство да го прифатат нашиот предлог закон бидејќи ги опфаќаме сите категории на граѓани, установи и стопански собјекти на кои ом е потребна поевтина електрична енегрија. Доколку колегите од парламентарното мнозинство се издигнат над ситуацијата ќе покажат дека навистина се грижат за граѓаните кои што ги претставуваат во законодавниот дом и ќе покажат дека интересите на граѓаните им се над партиските наредби. Сега е време да им се помогне на граѓаните за полесно даја пребродат тешката зима која е пред нас. Ајде заедно да го изгласаме овој предлог закон за потоа да можеме да се насочиме кон следните предизвици кои ни ги носи оваа енергетска криза, изјави Стојаноски.са/дма/