• четврток, 04 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ако стоковите резерви се полни, зошто не се интервенираше на пазарот да не поскапи лебот?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако стоковите резерви се полни, зошто не се интервенираше на пазарот да не поскапи лебот?
Скопје, 5 март 2022 Сите земји во регионот јасно и гласно кажуваат во каква состојба се стоковите резерви, само кај нас власта е со празна реторика. Затоа е загриженоста на граѓаните. Тие не и веруваат веќе на власта на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски. Патем да биде уште потрагично Стево пендаровски тврди дека уште он ноември месец знаеле што ќе се случи, па логично се поставува прашањето зошто не презеле конкретни чекори Македонија да обезбеди доволни количини од животните потреби на граѓаните. Од српскиот претседател Вучиќ дознаваме дека Македонија побарала пченица и пченка и бараната количина ќе ни биде предадена. Власта невешто се правда и создава уште поголем сомнеж кај народот. Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Зошто државата дозволува раст на цената на лебот и дополнително осиромашување на граѓаните кои и онака плаќаат 30% поскапа струја и 70% поскапи горива во споредба со пред извесен период? Владата администрирана од Ковачевски или не знае како да го спаси животниот стандард или не сака. Трето нема. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан