• понеделник, 01 јули 2024

Влезот во Ајватовци со ново улично осветлување

Влезот во Ајватовци со ново улично осветлување
Скопје, 30 март 2022 (МИА) - Во населеното место Ајватовци во општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, при што е осветлен  влезот и улица „1” во ова населено место. -Поставувањето на осветлувањето на Општина Илинден се спроведува во рамките на проектот „Илинден -Светла Општина” кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување  нови линии на улиците во сите населени места, поставување електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, соопшти Општина Илинден. Општината информира дека екипите на ЈКП „Илинден”, покрај активностите за поставување нови линии за улично осветлување, работат и на докомплетирање на постојните линии, како и на интервенции за отстранување на оштетените светилки и вградување нови. хс/лв/  

Остани поврзан