• петок, 22 ноември 2024

Влатко Ѓорѓиевски, сопственик на компанијата „МИК Свети Николе“, добитник на наградата за долгогодишна активност во СКСМ

Влатко Ѓорѓиевски, сопственик на компанијата „МИК Свети Николе“, добитник на наградата за долгогодишна активност во СКСМ

Скопје, 14 јули 2023

Стопанската комора на Северна Македонија денес е модерна водечка бизнис асоцијација кај нас и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите. По повод годишнината, Управниот одбор на Комората на седницата одржана на 21.06.2023 година, донесе одлука за доделување на награди во неколку категории.

Наша делегација во состав д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на СКСМ,  Ѓорѓи Петрушев, претседател на Надзорен Одбор на Комората и д-р Анита Блажевска, потпретседател на УО на Стопанската комора, ја врачија наградата за долгогодишна коморска активност на Влатко Ѓорѓиевски, сопственик на компанијата „МИК Свети Николе“ по повод годишнината на Комората. 

Влатко Ѓорѓиевски е сопственик на компанијата „МИК Свети Николе“, која е со најдолга традиција во месната индустрија во РС Македонија. Со својот визионерски дух и со лидерските вештини докажа дека посветеноста и професионалноста се основа во градењето и во одржувањето стабилна компанија. Почетоците на неговото работење се поврзани со агросекторот. По стекнатото искуство во неколку земјоделски компании и задруги, во 1988 г. основа своја компанија, а во 1992 година добива признание за тоа и влегува во групата на 10. најдобри стопанственици. 

Во 2001 година влегува како доминантен сопственик на „МИК Свети Николе“, а со посветеноста и со континуираните инвестиции во развојот на компанијата придонесе денес да прерасне во субјект со голема репутација и со непобитен легитимитет во  сегментот на месната индустрија во нашата држава. Таа е една од најуспешните компании од областа на преработката на месо и на производство на сувомесни преработки во земјава, работејќи според високо утврдени стандарди и вредности.  

Влатко Ѓорѓиевски долги години дава голем и несебичен придонес во работењето на Комората, особено со своите активности во Здружението за прехранбена индустрија и во Групацијата на производители и преработувачи на месо. Насочен спрема развој и спрема инвестиции во нови објекти, машини и технологии за преработка на месо, но и спрема инвестиции во човечкиот потенцијал, тој е еден од доајените на Комората, со особен придонес во развојот на индустријата за преработка на месо и за производство на сувомесни производи.  

 

Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ)

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан