• вторник, 09 јули 2024

Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон

Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата. Предвидени се голем број билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата, но останува неизвесно дали на маргините на Самитот, Мицкоски ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Од Владата нема официјална потврда, а од ВМРО-ДПМНЕ во неделата изјавија дека нема информации за евентуална билатерална средба, меѓутоа дека ваквите меѓународни самити се места каде се применува современата дипломатија. 

Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со тие партии. Венко Филипче кој ја води СДС и Љубомир Фрчкоски кој нема отчет како ги трошел

- Засега нема информации за евентуална билатерална средба со Мицотакис, меѓутоа меѓународните собири, самити, се места каде што се применува, односно спроведува современата дипломатија. Неопходноста за нов пристап во заштитата на интересите на своите граѓани, преговарањето, а особено унапредувањето на односите на сите подрачја и сопственото меѓународно промовирање во целост го одредува пристапот на Владата кон дипломатијата, базирана на взаемна почит и насочена кон градење на пријателски мостови и искрено взаемно почитување и добрососедски односи, изјави во неделата Миле Лефков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис вчера изјави дека не е планирана средба, но дека не е исклучено на маргините на Самитот, да има билатерални средби.

- Не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби. Но, нешто планирано, не постои, рече Маринакис на прашањето на МИА за евентуалната средба Мицотакис – Мицкоски.

Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите рече дека Мицотакис на НАТО Самитот „ќе го покрене на највисоко ниво“ почитувањето на Договорот од Преспа.

Nuk është planifikuar, por nuk përjashtohet që kryeministri në margjinat e samitit të NATO-s, të ketë takime dypalëshe, tha zëdhënësi i Qeverisë greke Pavlos Marinakis, duke u përgjigjur në p

- Ќе го покрене прашањето на највисоко ниво. Ќе го спомене Договорот што не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес. Ќе спомене низа изјави што се спротивни на Договорот од Преспа, односно спротивно на она што е изгласано од двете држави, бидејќи како што сфаќате присуството на Северна Македонија на НАТО е резултат на овој Договор, но нашата соседна земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор и е нешто за што се подразбира дека Кирјакос Мицотакис ќе го покрене, рече Маринакис.

Според официјалните програми на двајцата премиери, освен на Самитот на НАТО и предвидените активности на маргините, двајцата ќе присуствуваат и на вечерата во Белата куќа во организација на американски претседател Бајден.

Мицкоски пред заминувањето за Вашингтон изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и добри соседи.

- Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде, се надевам дека набргу ќе дојде, изјави Мицкоски.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Неколкупати досега нагласи дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти тие односи се двонасочна улица.

- Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, но дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави Мицкоски минатата недела.

САД, пак, нагласија дека не сакаат внесување билатерални спорови во НАТО. Директорот за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд неодамна во интервју за „Гласот на Америка“ на македонски истакна дека САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата.

Според најавите, главни теми на Самитот на НАТО ќе бидат поддршката за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зајакнување на глобалните партнерства, но со примарна цел за манифестирање на единство меѓу сојузниците.

Премиерот Мицкоски пред да замине за САД најави дека покрај учеството на Самитот на НАТО, ќе оствари средби и со бизнис заедницата пред која ќе ги презентира потенцијалите што ги нуди земјава, а најави и странска инвестиција на компанија која што е дел од листата на најголемите петстотини компании во САД.

Тој вчера на Фејсбук објави дека американската компанија „Вабтек“ е новата странска инвестиција која ќе вложи 35 милиони евра во земјава и со која ќе се отворат 100 работни места. Компанијата ќе инвестира во производство на сопирачки за шински возила, а Мицкоски вчера во Вашингтон имал средба со извршниот потпретседател на компанијата. 

- По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД. Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Покрај владината делегација, во чиј состав се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Вашингтон е и претседателот на Собранието Африм Гаши кој, според најавите, треба да се обрати на Парламентарниот самит на НАТО, што се одржува во рамки на Самитот на Алијансата. На овој настан најавено е учество на 23 претседатели на парламенти. бак/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан