• вторник, 05 ноември 2024

Владината делегација положи цвеќе по повод Денот на армијата

Владината делегација положи цвеќе по повод Денот на армијата

Скопје, 18 август 2023 ( МИА) - По повод Денот на Армијата, денеска на гробиштата Бутел во Скопје, владината делегација предводена од советникот за национална безбедност, Блерим Кољали и полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ.

-Цвеќето беше положено и во Алејата на великаните и на вечните почивалишта на претседателот Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на генералот Михаило Апостолски, наведуваат во соопштението. љм/цр

Фото: Влада на РСМ

Остани поврзан