• петок, 05 декември 2025

Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари

Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Земјоделството е стратешки приоритет на Владата. Исплатени се над девет милијарди денари - субвенции на повеќе од 70.000 земјоделци, нагласуваат утрово од владината прес-служба.

- Се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство. За една година, Владата и МЗШВ успеаја да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите, се истакнува во соопштението.

Од владината прес-служба додаваат дека промените се очигледни и тие се случуваат.

- Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците. Оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години, конечно имаат партнер. Го враќаме нивното изгубено достоинство. Ги градиме темелите на промените, се додава во соопштението. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан